Тешка несреќа во Албанија, семејство излетало од патот

by Фокус

Тешка сообраќајна несреќа се случи утринава кај Љеш во Албанија, во која повредени се пет членови на семејството кои се наоѓале во автомобил со српски регистарски таблички, јавува албанската ABC.

Несреќата се случила во раните утрински часови. Семејството било на одмор во Албанија. Нивниот автомобил удрил во насипот што ги дели коловозните ленти на државниот пат.

Повредените се пренесени во болница, а полицијата е на терен.

Поврзани новости