Се влошува ситуацијата во Словенија, пукна насипот на реката Мура

by Фокус

Пукна насипот долж реката Мура во Словенија во близина на Долна Биштица поради што е наредена евакуација на жителите од неколку села, соопшти Управата за цивилна заштита и помош при катастрофи.

Командантот на Цивилната заштита, Среќко Шестан изјави дека се вложува ситуацијата бидејќи се зголемува дупката во насипот.

– Инженерските служби се обидуваат да ја затворат дупката, но не успеваат со машините со кои располагаат. Се истражува можноста за фрлање бетонски блокови од хеликоптер, но тоа е отежнато поради временските прилики – посочи Шестан.

Мура моментално го има вториот највисок водостој забележан во историјата со 1.350 кубни метри во секунда, а нивото на реката продолжува да расте во Австрија.

Поради уништената инфраструктура поединечни делови од Словенија и понатаму се без електрана енергија, поради што еден од главните приоритети е снабдување на населението со агрегати.

Според метеоролозите, попладне се очекуваат обилен дожд, град и силен ветер. Речиси две третини од територијата на Словенија е под вода, а засега штетите се проценуваат на 500.000 евра.

Словенечкиот премиер Роберт Голоб вчера изјави дека Словенија се соочила со најтешката природна катастрофа во својата понова историја и дека предизвиканата штета е незамислива.

Поврзани новости