Над 50 пожари беснееле во еден ден

by Фокус

Над 50 пожари на отворен простор, од кои повеќето не се прошириле благодарение на брзата и пожртвувана интервенција на пожарникарите имало вчера на територијата на земјава, информираат од ЦУК.

Меѓу пожарите кои вчера избувнале се пожарите во село Страчинци (сува трева и грмушки), село Орланци (ѓубриште), село Волково (сува трева и грмушки) и депонијата Вардариште во Скопско, потоа депонијата Буково во Охридско, ѓубриште во близина на Глобочичко езеро, Струшко, потоа ниска вегетација во село Отовица, трева и трња во необработени ниви околу 17 хектари на местото Топот во Велешко.

Во Светиниколско имало пожар во Кривчева река во близина на Свети Николе, каде гореле нискостеблеста шума, стрништа, викендици и помошни простории, во Тетовско ниска вегетација покрај патот кон Попова Шапка, а во Битолско имало повеќе од 10 пожари,

Во Прилепско горела ниска вегетација во село Канатларци, ниска вегетација во село Алинци, ниска вегетација во село Тополчани кон село Тројкрсти, како и депонија и ниска вегетација кај село Дебреште, во Струмичко горело стрниште, ниска вегетација и ѓубре во село Секирник, површина од 2 до 3 ха, во Богранци нискостеблеста шума, прнар и ниска вегетација кај м.в. Брдаров камен, како и нискостеблеста шума – прнар село Николич.

Повеќе пожари имало и во Кумановско, Радовишко, Виничко, како и во атарите на Старо Нагоричани, Крива Паланка и Ранковце.

Во овој момент нема активни пожари.

Поврзани новости