Уапсени четворица македонски државјани во Косово

by fokus

Во Урошевац, соседно Косово денеска се уапсени четворица државјани на Македонија, тројца поради пукање, а еден бил баран со потерница, објави Телма.

Според Телма, станува збор за Бесим Красниќи, Агим Красниќи и Сеад Рамадани Цапи кои се сега во притвор.

Како што соопшти косовската полиција, три лица се уапсени за „убиство во обид и учество во тепање“, а едно било барано со меѓународна потерница.

Според полицијата, првите три лица учествувале во тепачка што се случила на 17 октомври минатата година во Урошевац, каде имало и пукање.

Полициски единици вчера околу полноќ запреле „ауди“ со македонски регистарски ознаки во Урошевац, при што при контрола и преглед на автомобилот биле пронајдени три пиштоли и одредена количина муниција, објави Контактплус.

Тројца од четворицата приведени поседувале лажни документи за идентификација, соопшти полицијата.

По сослушувањето на регионалните истражители, државниот обвинител одлучил на осомничените да им одреди притвор до 48 часа за други истражни дејствија и други постапки за екстрадиција на лице кое се бара со меѓународна потерница, се вели во соопштението.

Поврзани новости