Тензично на „Монструм“, Радникот тврди дека не знаел дека ќе се случи трагедија

by fokus

Поранешнито директор на Бирото за јавна безбедност, Љупчо Тодоровски денеска се појави како сведок на судењето за случајот „Монструм“, за петкратното убиство кај Смилковското езеро.

Тој во своето сведочење тврдеше дека ниту тој, ниту Бирото за јавна безбеност имале информации дека ќе се случи такво нешто иако во една од „бомбите“ во еден од разговорите се споменувало лице Зоран Трајковски со прекар Филмот, кој наводно требало да му даде оперативни информации на тогашниот директор на Бирото, кој во јавноста е познат под прекарот Радникот. Тодоровски го знаел лицето кое се споменало во разговорите, но тврди дека немал никаков контакт со него.

– Бев изненаден кога слушнав дека на некого по телефон му кажал нешто. Со еден збор, немав контакт со него, посебно пред да се случи настанот, рече Тодоровски. Тој истиот одговор им го даде и на родителите на убиените момчиња кои тврдеа дека кога инспекторите им земале изјави им кажувале дека знаеле дека ќе се случи нешто. –Во БЈБ не сме имале сознание, да сме знаеле, ќе сме преземеле нешто, рече Радникот.

На судењето еден од обвинетите Хаки Азири кој првично беше заштитен сведок за случајот, па се откажа и стана обвинет, тврдеше дека по наредба на Радникот бил присилен пред полицијата и пред истражен судија да ги каже имињата на обвинетиот. Но, Радникот тврди дека тој не комуницирал со странки и побра ако има некое писмо со такво упатство да му го покажат.

-Нема шанса да малтретирам некого, велеше Радникот. Како прв сведок денеска се појави поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска која исто така тврдеше дека до неа не стигнале никакви оперативни сознанија дека може да се случи трагедија. Поранешната министерка не знаела ниту дека неколку дена пред настанот на црквата во Стајковци имало напишано „Ќе биде крвав Велигден“, како што тврдат родителите на момчињата.

Таа рече дека по убиството до неа стигнувале информации дека можно е да било крвна одмазда, имотен спор, лична пресметка. Дел од информациите биле издржани, но дел биле и отфрлани.

Во судница настана тензија кога обвинетите почнаа да и поставуваат прашања на Јанкулоска, а обвинителите, Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски реагираа дека обвинетите го малтретираат сведокот. Поради ова судечкиот совет се закани дека ќе почен да ги казнува присутните.

На денешното рочиште требаше да сведочи и поранешниот советник во Кабинетот на поранешниот претседател, Синиша Алексовски, но неговото сведочење се одложи за на 27 февруари.

Поврзани новости