Телото на бебето најдено во полско веце предадено на обдукција

by fokus

Предадено на обдукција е телото на бебето кое било пронајдено во јама во полско веце во струмичко, откако 19-годишната мајка се породила во домашни услови. Од полицијата информираат дека по пријавата од лекарот, кој ја прегледал девојката, бил извршен увид на полициски службеници и јавен обвинител по што телото на новороденчето било пронајдено.

Од мајката, членови на семејството и мажот со кој девојката била во љубовна врска земени се примероци од крв за дополнителна анализа.

Од МВР додаваат дека по насоки на јавниот обвинител, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Како што претходно информираа од таму на 03.03.2019 околу 23.30 часот во СВР Струмица, лекар од болницата во Струмица пријавил дека кај нив била хоспитализирана 19-годишна девојка од струмичко и по извршениот преглед било констатирано дека претходно се породила, а при преглед на домот, на повеќе места, биле пронајдени докази кои укажуваат дека имало породување.

Поврзани новости