Телма ги прогласи искусните новинари за технолошки вишок

by fokus 10:15
10:15

12 вработени во Телма, искусни и докажани новинари, со одлука на раководството, утрово се прогласени за технолошки вишок. Меѓу нив се Панта Џамбазовски, Емилија Лазаровска, Томислав Османли, Виолета Зајкова, Соња Николовска, Јулијана Лефковска Пешевска и други вработени во информативната, културната и во забавната редакција на телевизијата.

Тие, како што пренесуваат, не добиле образложение зошто е донесена таквата одлука, но во писменото известување било наведено дека тоа е заради намалување на трошоци. Денеска, според очекувањата, Синдикатот на вработените на Телма очекува да има средба со раководството за да може да добие подетални информации за одлуката, по што ќе излезе и со став во јавноста.

- Advertisements -
Banner NISSAN_Okt_300x250

Одлуката на раководството предизвикала шок во Телма поради фактот што за технолошки вишок се прогласуваат новинари кои се носители на дејноста и коишто се со неколкудецениско искуство. Патем тоа се луѓето кои со години ја градат Телма, телевизијата која беше препознатлива по константниот тим.

Неофицијално, Синдикатот ќе бара на овие луѓе да им биде понудено друго работно место во телевизијата за да може, како што велат, нивниот капацитет да се искористи во Телма.

Од Независниот синдикат на новинари и медиумски работници велат дека не биле консултирани за одлуката и најавуваат дека во текот на денот очекуваат средба со раководството на телевизијата.

Поврзани новости