Импичментот на Иванов во парламентот

by fokus

При поднесувањето на иницијативата за одговорност на Иванов по одлуката за аболиција, координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугаревски вели дека очекува процедурата да започне деновиве за што поитно пратениците да се изјаснат.

На иницијативата на пратениците на СДСМ за утврдување на одговорноста на претседателот на државата Ѓорге Иванов по донесувањето на аболицијата за 56 лица, досега се потпишале повеќе од 50 пратеници и тоа е доволно за да влезе во собраниска процедура, но го нема и потребното двотретинско мнозинство,  односно 82 гласа, кое е потребно за оваа иницијатива да има позитивен епилог.

Претседателот на Собранието е должен за оваа иницијатива да формира комисија, која за 7 дена од формирањето мора да даде извештај. Парламентот ќе мора да заседава за 7 дена од поднесувањето на извештајот. Причина за ваквиот потег на опозицијата е срамот и тензиите што ги внесе Иванов на политичката сцена. Иако имаше изговор дека со тоа ќе ја реши кризата, сепак таа западна уште подлабоко. Ако се има предвид фактот дека Иванов со аболицијата застана во одбрана на криминалот на партиските колеги, сега е очекувано дека пратениците на власта нема да му свртат грб.

Поврзани новости