550
Вчера попладне, три малолетни деца на возраст од две, три и шест години и нивниот татко се здобиле со повреди, откако се срушила терасата на која седеле, информираат од МВР.
„На 02.10.2019 во 18.22 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Е.К.(23) од Скопје и неговите три деца на возраст од шест, три и две години. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека сите четворица се повредиле откако се срушила терасата на која седеле. Кај тригодишното дете биле констатирани тешки телесни повреди, додека останатите три лица се здобиле со телесни повреди. Се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР.