„Малиот принц“ се повлече од фудбалот и жали само за една работа

by fokus

Клаудио Маркизио на само 33 години реши да стави крај на фудбалската кариера, а денеска при официјалното објавување на одлуката, рече дека бил сакал да се преигра финалето на ЛШ од 2015 година.

Пред четири години, во битката за европската клупска титула, Барселона го победи Јувентус со 3:1, и тој пораз најмногу би сакал да не се случеше.

„Жал ми е што не освоив титула во ЛШ, и со Италија што не успеав на ЕП. Би сакал повторно да го играм финалето со Барселона во Берлин. Би сакал да се повтори еден дел од второто полувреме“ – рече Маркизио кој со Јуве загуби две финалиња во ЛШ, а освои седум титули во италијанското првенство.

За италијанската репрезентација имаше 55 настапи. 

Поврзани новости