Тасева: Да не гледаме со симпатии на разрешените вработувања на роднините од блиски функционери на власта

by fokus

Вработувањата на роднини на функционери на власта крена голема прашина во јавноста и остри критики од граѓаните. Дел од нив не го издржаа притисокот и си поднесоа оставки од институциите каде беа вработени.

Слаѓана Тасева од „Транспаренси Интернешнел“, вели дека тоа не може да биде конечна финална разрешница на таквите вработувања.

„Тоа не треба тука да заврши и не треба на тоа да гледаме на симпатии. Сепак, ако некој се решил да даде оставка откако бил вработен, не мора да значи однапред дека тоа не било во ред. Сето тоа институциите добро треба да го проверат. Време е да се запрашаме за одговорноста за оние кои биле вклучени во вработувањата“, вели Тасева во „Отворено“ на Алфа ТВ.

Поврзани новости