Котески: Симптоматично е што Јанакиески беше три недели во соба со осуденик од „Диво насеље“ па не се случи ништо

by fokus

Прво вербална расправија, па физичко кошкање и туркање, вака директорот на затворот во Шуто Оризари, Ѓоко Котески, го објаснува вчерашниот инцидент во кој учествуваа поранешните министри Миле Јанакиски и Спиро Ристовски.

„Сите очевидци го потврдија истото. Немавме индиции дека може да се случи каков било инцидент. Од моментот кога беше јавено дека се случил инцидент, до неговото спречување помина една минута. Симпоматично е тоа што Јанакиески претходно беше три недели во притвор во иста соба со лице осудено во ‘Диво насеље’ и тогаш немаше никаков проблем“, вели Котески за ДВ.

Како што објаснува директорот, за време на прошетката правилото било никогаш да не бидат во иста група лица притворени за ист предмет. Тоа значи дека Јанакиески и Ристовски во различни термини го користеле правото на прошетка и во различни термини се случиле инцидентите.

Заради превенирање на опасност од инциденти, директорот на затворот изјави дека Јанакиески и Ристовски од синоќа се префрлени во т.н. хашко одделние.

Поврзани новости