Таравари за изјавата на Заев: Ќе го победам Бејта, бидејќи тој беше дел од криминалот

by fokus 22:19
22:19

Ќе го победам Бејта во Гостивар, бидејќи тој беше дел од криминалот во Гостивар, е реакцијата на Арбен Таравари дадена за „Фокус“ по однос на вечерашната изјава на премиерот Заев.

Заев во Гостивар побара поддршка за кандидатот на ДУИ, Незат Бејта и рече дека подобро е Таравари да остане министер во неговата влада.

- Advertising -

-Јас сум дојден да побарам поддршка за Невзат Бејта, но и да дадам збор. Знам дека ако добие поддршка од централната власт тој ќе направи Гостивар да сјае. Од другата страна имаме кандидат кој е министер во мојата влада. Знам и дека кандидатурата на Арбен, и на Бејта не му по ќеиф. Ајде да постигнеме договор во Гостивар и предлагам: секој да си ја гледа својата работа. Јас премиерската, докторот да го гледа здравството, а Невзат да си ја води општината. Општината не ја познава никој подобро од него, рече Заев.

Поврзани новости