До понеделник натпросечни температури, потоа дожд

by fokus

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност, а ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Утринската температура се движи од два до осум Целзиусови степени, а дневната ќе достигне од 22 до 29 степени.

Во Скопје се очекува слично време, претежно сончево, со слаб ветер од северен правец. Дневната температура во главниот град ќе достигне до 26 Целзиусови степени.

За време на викендот ќе преовладува стабилно и топло време со натпросечни дневни температури за овој период од годината. Од понеделеник ќе преовладува облачно време, со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни.

Поврзани новости