Пријава за изборен поткуп во Кавадарци

by fokus

По пријава на Г.В. (40) од Росоман, денеска во полициската станица во Кавадарци е повикан на разговор М.Д. (37) од Росоман поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело предвидено во член 160 став 1 од Кривичниот законик „Повреда на слободата на определување на гласачите“.

Во пријавата е наведено дека 37 годишниот М.Д  му дал пари на лицето кое го пријавило поткупот, во замена за неговиот глас за кандидат за градоначалник на Росоман.

Поврзани новости