Таравари: Единствен интерес на Рама и Курти е Македонија да се одржи на европскиот пат

by Fokus

Запрашан за влијанието на косовките и албанските политичари на политичките процеси во Македонија, претседателскиот кандидат Арбен Таравари во интервју за Слободен печат истакна дека од средбите со Еди Рама и Албин Курти добил уверување дека тие сакаат да ја видат нашата држава на европскиот пат.

„Сум имал неколку средби и со Еди Рама и со Албин Курти и нивниот единствен интерес е да се одржи европскиот пат на Македонија, ништо друго. Нивното инсистирање е да не се влегува во Влада ако не се осигура европскиот пат на државата и секако да се намалат влијанијата од Русија и Србија. И ако имало некакво инсистирање од нивна страна тоа било за одржување на европскиот пат. Тоа е она што е добро за Македонија. Не знам дали постои друг пат, друга алтернатива за Македонија освен да одиме онаму каде што луѓето секојдневно ни бегаат. Ние не може да бараме друг пат, а сите наши луѓе, наши деца, наши роднини да бегаат за Европа“ рече Таравари.

Таравари додаде дека патот на Македонија пат е тој и немало никакво инсистирање или мешање на Курти и Рама во процесите во Македонија.

Поврзани новости