За 35% ќе се намалат февруарските сметки за парно

by Fokus

За околу 35% ќе се намалат февруарските сметки за топлинска енергија за училиштата, деловните корисници, јавните институции одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).

„Пониски сметки за парно ќе добиваат околу 1 200 потрошувачи приклучени на централно градско греење на ЕСМ снабдување, ЕСМ Енергетика, Скопје Север. Овие корисници трошат 20% од потребните количини на топлинска енергија на ниво на Град Скопје и меѓу нив се образовни институции, деловни корисници: мали дуќанчиња, компании, банки итн. Вонредната одлука доаѓа по сеопфатна длабинска вкрстена анализа на актуелните цени на берза и прогнозираните цени на приодниот гас.

Резултатите покажаа дека во изминатиот период цената на природниот гас на берзата е пониска од предвидената со што се исполнуваат условите да се донесе поволна одлука за категоријата останати корисници, кои пак во турбулентниот период на енергетската криза го преземаа товарот и добиваа реални сметки. За разлика од домаќинствата, кои  во цел овој изминат период на енергетска криза добиваа сметки со субвенции.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Поврзани новости