Тамара се врати во Скопје: Отидовме, видовме, победивме!

by fokus

Македонската ѕвезда Тамара Тодевска, која се пласираше на осмото место на Евровизија, вечерва на полноќ пристигна на скопскиот аеродром каде беше пречекана од голем број обожаватели и од членови на нејзиното семејство, нејзиниот сопруг и нејзината ќеркичка Хана. Таа им се заблагодари на фановите, кои ја чекаа неколку часа.

-Отидовме, видовме, победивме! Извинете што ме чекавте долго, не беше до нас тоа што доцневме. Ова што го гледавте што го доживеавме сите заедно е резултат на тимска работа, многу љубов и посветеност. Напорно работевме три месеци и последниот ден во финалето сфативме дека се вредеше – рече Тамара.

Таа му се заблагодари на тимот и на нејзините најблиски, а рече дека најмногу и фалела нејзината ќеркичка.

-Направивме добар резултат, иако искрено очекувавме повеќе, но добро поминавме. Фала ви. Многу сум среќна што се обединивме овие неколку дена, заедно славевме музика, љубов нешто што ретко се случува. Среќна сум што ви го овозможив тоа и се надевам отворивме пат за следните претставници – порача Тамара.

Поврзани новости