Тамара: Никој не доминираше повеќе од нас на оваа Евровизија

by fokus

45 мин не дишевме, не бевме свесни што ни се случува, рече претставничката на Македонија на овогодишната Евровизија, Тамара Тодевска, откако пристигна на Аеродромот во Скопје.

Во кратка изјава за медиумите Тамара раскажа како ги доживеала оние неколку мигови кога беше на прво место во гласовите од жирито.

-Како се редеа дванаесетките се гледавме меѓу себе и си викавме „што направивме“. Беше неизвесно. Криво ми е за тие два бода, поради што првото место од жири го испуштивме. Но не е битно, никој не доминираше повеќе од нас на оваа Евровизија. 45 мин бевме први, секој три минути не покажуваа нас, се осеќаме како победници – рече Тамара.

Коментирајќи ја медиумската покриеност таа изрази благодарност за сите што и дале поддршка и додаде дека „прв пат во животот Цеца и Јелена Карлеуша се сложија во нешто“ за нејзиниот настап.

Тамара пристигна на аеродромот Скопје

Publiée par MИА.mk sur Dimanche 19 mai 2019

Поврзани новости