Министерката Мила Царовска и заменик министерот за култура ќе ја пречекаат Тамара на аеродром

by fokus

Меѓу фановите кои ја чекаат Тамара Тодевска на аеродромот во Скопје е министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, како и заменик министерот за култура, Владимир Лазовски.

-Два часа покажавме дека сме победници. Тамара е морален победник, ја испорача пораката што се однесува на сите жени. Горда сум и како жена и како граѓанка на Северна Македонија затоа што Тамара покажа дека можеме да бидеме конкурентни на европската музичка сцена – рече Царовска за 1ТВ.

Овогодишната претставничка на Евровизија треба во секој момент да пристигне, а ќе биде пречекана од голем број обожаватели. Тие очекуваат да ја слушнат Тамара во живо да им ја испее песната „Proud“, за што веќе е поставена бина на аеродромот.

Авионот на Тамара доцни со слетување поради силен ветар.

Поврзани новости