362
Градоначалникот на Општина Битола Владимир Талески сака да го овековечи своето владеење во Битола преку снимање на документарен филм за развојот на градот од 2005 до 2017 година, јави локалната телевизија „Орбис”.
Со огласот што Општина Битола го објави пред два дена, се бараат понуди за снимање и монтажа на документарен филм под наслов “Развојот на Битола 2005 – 2017 година”.
Документирањето на дванаесетгодишното владеење на Талески во Битола, ќе го чини општинскиот буџет 508.474,58 денари, односно околу 8.200 евра без ДДВ.
Инаку, Талески по обвинението поднесено од страна на СЈО помина скоро три месеци во куќен притвор. Тој се терети дека преку коруптивни тендери со школскиот превоз, ја оштетил општината за 360 000 евра.