Заменик командант на единица во МВР спречил да се фатат напаѓачите на екипата на А1он

by Fokus

Заменик командант на полициска единица спречил полицаец кој бркал еден од насилниците, напаѓачи кои ја претепаа екипата на А1он, а полицаецот изготвил и службена белешка, пренесува Телма.

Според телевизијата, по нападот на екипата, кога полицаецот се обидел да спречи еден од нив, заменик командантот на единицата која е во состав на СВР Скопје наредил да ја прекине потерата и да се врати кај повредените.

 Веста е потврдена и од министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу. Тој кажал дека се бараат дополнителни информации за да се одлучи дали ќе се покрене дисциплинска постапка против заменик командантот на единицата која не е во униформа.

Од телевизијата уште додаваат дека заменик командантот на единицата бил и дел и од „бомбите“ на СДСМ кои се истражуваат во СЈО. Во еден разговор, според лидерот на СДСМ, Зоран Заев, екс министерката Гордана Јанкуловска му се жали на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков дека овој заменик командант на изборите во Струга вперувал пиштол во глава на човек за што добила полака и од ОБСЕ.

Тој цело време е заменик командант на единицата, а беше отворена истрага и за фалсификување на неговата средношколска диплома.

Поврзани новости