Поразителен извештај на Стејт Депарментот за Македонија

by fokus 22:41
22:41

Кршење на човековите права, селективна правда, корупција и узурпирани медиуми, ова се дел од забелешките на Стејт Депарментот во последниот годишен извештај за Македонија.

-Најголемиот проблем со кршење на човековите права и практики, произлегува од големата корупција и неуспехот на Владата да го почитува владеењето на правото, вклучително и континуираните напори за рестрикции по однос на слободата на медиумите, мешање во судството и попречување во работата на Специјалниот јавен обвинител, како и селективната правда- се вели во извештајот на Стејт Департментот.

Тие констатираат дека големото кршење на човековите права се рефлектира и преку политичко мешање и влијание врз добро етаблирани лица, одолговлекување на судските постапки, кршење на правата за правично и јавно судење, и корупција во целокупниот судски систем.

-Владата не преземаше доволно чекори за да ги истражи, процесира или казни службениците кои ги прекршиле правилата и процедурите,а вкучително и полициските службеници за прекумерна употреба на сила. Неказнивоста и понатаму е значаен и широкораспространет проблем- се вели во извештајот.

Поврзани новости