Битолскиот градоначалник Владимир Талески преку адвокатот му се заканил на новинарот од Битола, Симе Алушевски дека ќе го тужи ако јавно не му се извини за објавен текст.
Талески, но и секретарот на општина, Слободан Бончановски, кој исто така, за „Транспортер“ беше во притвор, бараат извинување од новинарот и повлекување на „клеветничките и навредливите изјави.”
Новинарот Алушевски вели дека во текстот за кој го обвинуваат бил пренесен случајот „Транспортер” веднаш по прес-конференцијата на СЈО.
Алушевски вели дека нема да се извини затоа што никого не наклеветил туку само ги пренел изјавите на обвинителката Фатиме Фетаи.
Инаку, битолскиот градоначалник кој веќе 29 дена е во притвор, денеска треба да се појави на распит во Кривичниот суд во Скопје.