Турција го блокира пристапот до Викиликс

by fokus

Турција го блокираше пристапот до  „Викиликс”, откако укажувачкиот портал вчера објави околу 300 илјади електронски документи директно од серверот на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) во Турција.

Пред објавувањето, Викиликс претрпе многу хакерски напади и најави дека турските владини сили ќе се обидат да го спречат објавувањето на материјалите од АКП.

Според Викиликс, електронската пошта содржи документи за “справување со светот“, но и многу интерни, внатрешни проблеми на земјата.

Поврзани новости