Талат Џафери се подготвува за свадба

by fokus

Претседателот на Собранието Талат Џафери се подготвува за свадбата на ќерката Бесијана. Поради тоа, тој деновиве ќе бил отсутен од Парламентот.

Како што дознаваме, свадбената веселба ќе се случува во Гостивар, каде живее семејството на собранискиот спикер, но и идниот зет.

Кога пред три години Џафери го женеше синот, се појави видео од забавата, на кое Али Ахмети се фати за микрофонот и ги забавуваше гостите пеејќи.

Околу тоа кој се од државниот врв ќе биде присутен на свадбата и во кој локал ќе се случува, нема информации.

Вики Клинчарова

Поврзани новости