Проблемите со списокот и со гласачите можат да предизвикаат крик на задоволство кај оние што евентуално ќе бидат избрани од мртви гласачи, како во анегдотата за вработените во погребната дејност кои се радуваат со: „Да живеат мртвите!“
ramadan ramadani
Дополнителната мистика во политиката, која не се објаснува со математика, сега се објаснува со егзотика.
ВМРО-ДПМНЕ моментално се наоѓа во ситуација на сложувач на сложувалка со ним омилените ликови. Ова е сложувалка на слика од Сталин која тие ја редат и се задоволни зашто веќе се наѕира докомплетирањето на ликот на Путин.
Иванов е толку уплашен од можната консензуалност за Пендаровски, што решил кампањата да ја почне во џамија.
Многу години, врхушката на ИВЗ, во текот на ваквите изборно-политички периоди во земјата, со испади во јавноста одбира да се истакне за да не биде заборавена како општествен чинител. Новиот момент е дека сега веќе имаме работа со бајаги одлепени појавувања, кои почнаа со позирањето во жолта облека, а кои сега преку Фејсбук се лесно достапни на увид на целата јавност.
Иако претседателските избори паѓаат во сенката на непрогласените предвремени избори, тие, сепак, можат да бидат важен момент во историјата за тоа дали земјава ќе избере претседател или поглавица.
Изборите ќе бидат со непроверено прочистен избирачки список, во земја со неспроведен попис, во еден процес кој ќе го обезбедува полицијата, во која еден од најголемите функционери, шефот на разузнавањето, спротивно на законите, е партиски функционер. Е, па, споредено со ова, еци-пеци-пец е пофер игра.