Тачи ветува вицепремиер со право на вето и закон за фискална амнестија

by fokus 11:35
11:35

Лидерот на ДПА и носител на листа во Изборната единица 6, Мендух Тачи на митингот на партијата во Боговиње, Тетовско порача дека ќе бараат во идната Влада да има само еден вицепремиер, кој ќе има право на вето на одлуките на Владата, јави Либертас.

Тачи рекол дека планираат и закон за фискална амнестија, со кој ќе се ослободат граѓаните од долгови кон државта и од казни – истакна Тачи, додавајќи дека доколку ДПА биде дел од власта ќе бара и нов закон за употреба на јазиците, односно на aлбанскиот јазик во Македонија.

- Advertisements -

Лидерот на ДПА истакнал дека ќе се залагаат за членство на Македонија во Европската Унија и во НАТО.

– Ние сме главни сојузници на САД и на НАТО и тоа треба да се искористи – рече Тачи.

На помалите партии, рекол Тачи, не може да им биде забрането да дејствуваат, но  секој глас за нив е изгубен глас за Албанците и порачал дека ДУИ нема да може да манипулира со гласовите бидејќи меѓународната заедница е гарант на овие избори.

Поврзани новости