Велешани избраа најмустаќ

by fokus 11:49
11:49

Заврши годинашнава кампања за подигање на свеста од машки болести, како што се рак на простата и тестиси, со бричење на мустаќите на сите мажи кои што активно се вклучија во движењето ,,Мовембар’’.

По тој повод, група велешани, веќе по четврти пат избираше најмустаќ во градот, а за време на изборот се одржа и хуманитарна забава. На изборот, кој се случуваше во велешкиот кафе бар ,,Паб’’, титулата за најмустаќ ја понесе Пепи Кировски, а пак за ,,најчурук’’ мустаќ Дејан Митров.

- Advertisements -

15239274_10211041228570370_470837537_n

,,Преку добра забава успеавме кај младата популација во Велес да ја испратиме пораката за здравје и превентива од машките болести. Целта е исполнета’’, вели Ѓорѓи Нанов, кој учествуваше во кампањата, заедно со уште стотина велешани.

На забавата, хуманитарни средства се собрале со продажба на маички и сувенири во знакот на ,,Мовембар“, а тие ќе бидат донирани на лица на кои што им е потребна помош.

Лани, хуманитарните прилози од велешкото движење ,,Мовембар’’ му биле предадени на Зоран Димов, државен првак во маратон, кој е повреден во сообраќајка. Од политичарите, кај нас единствено Јани Маркадули секој ноември пушта мустаќи, со цел да ја подигне свеста за машкото здравје.

Вики Клинчарова

Поврзани новости