Владата пак се задолжи – 113,8 милиони евра

by fokus

Владата денеска од домашните кредитори се задолжи за 113,8 милиони евра. Парите ги обзбеди преку аукција на државни хартии од вредност, а дел од сумата што ја позајми ќе се враќа со темпо од шест месеци па се до 15 години, јави 24 Вести.

Веќе утре по основ на доспеани долгови ќе бидат вратени скоро 53 милиони евра. Но, за неделава има закажано уште едно раздолжување и тоа за првиот ден од декември во висина од 61,3 милиони евра.

До крајот на годината или во декември треба да се  одржат уште 4 аукции. Во исто време, во календарот на финасии пет ден се букирани за раздолжување. До крајот на годинава или само во декември по основ на доспеани долгови владата ќе теба да се исплати вкупно 107,5 милиони евра.

Поврзани новости