Тачи: Ќе ги поддржиме барањата на Јанева

by fokus 11:41
11:41

Лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан, рече оти ДПА ќе ги поддржи предлог-законите кои спацијалната јавна обвинителка Катица Јанева ги поднесе до Собранието, меѓу кои продолжување на мадатот на Специјалното јавно обвинителство, како и Законот за заштита на сведоци.

Taчи потенцираше дека не е сигурно оти на  11 декември ќе се одржат предвремените избори парламентарни избори.

-Нема да ги признаеме резултатите од претстојните избори, доколку се утврдат нерегуларности и малверзации – додаде Тачи.

- Advertisements -

Инаку, претходно Хан имаше средби со премиерот Емил Димитриев, граѓанскиот сектор и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. По средбата со Тачи, еврокомесарот ќе се сретне и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Средбите на Хан со партиите СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се предвидени во седиштата на партиите, а по завршувањето на состаноците Јоханес Хас во 14:00 часот ќе одржи прес конференција.

Поврзани новости