Коалиција за промени и правда: ВМРО-ДПМНЕ ги крши изборните правила

by fokus

Коалицијата за промени и правда обвинува дека владејачката партија ги крши изборните правила, бидејќи како што велат, веќе ги активирала списоците со гласачи.

-Коалицијата за промени и правда (Демократски сојуз, ФРОДЕМ, ДЕМОС и МОРО работничка партија), предупредува на кршење на изборните правила. Последните денови, носители на високи позиции во државните институции и директори на јавни претпријатија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, прават списоци на вработени и вршат притисок врз нив да подготват и тие список на потенцијални гласачи, условувајќи ги, тие и наведените на списокот, да гласаат за кандидатите за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

За партискиот собир закажан за во недела исто така се притискаат вработените во државната администрација, задолжително да присуствуваат. Коалицијата за промени и правда, бара МВР и ДИК да дејствуваат превентивно и ваквите појави да ги сосечат во корен – стои во соопштението.

Коалицијата ги охрабрува граѓаните, невладините организации и медиумите, секое кршење на правилата за избори јавно да го објават.

 

Поврзани новости