ВМРО – ДПМНЕ се уште без одговор како стана најбогата партија во Европа ВИДЕО

by fokus 11:31
11:31

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ поседува 93 имотни листови во кои е запишана вкупна површина поголема од 33.000 метри квадратни. Ова ја прави партијата една од најбогатите и најимотните партии во Европа, пишува СКУП Македонија во своето  истражување преточено во документарен филм.
Документарецот предизвика многу реакции и прашања како партијата на Груевски успеа да стане најбогата во една од најсиромошните држави во Европа?

ВМРО – ДПМНЕ се уште нема одговори на наводите изнесени од Центарот за истражувачко новинарство СКУП како ДПМНЕ се стекна со својот партиски имот од 2006 година до денеска.

- Advertisements -

Поврзани новости