Тачи: Албанија и САД чекаат победа на ДПА на изборите

by Фокус

Победата на Албанците на Македонија е победа на ДПА, која што со многу радост ја очекуваат Косово и Албанија, но и Европа и САД, изјави лидерот на ДПА Мендух Тачи, синоќа на митинг во Добри Дол.

-Почитувани браќа, ние полека се приближуваме до моментот и верувам дека Албанците на Македонија преку својот глас ќе ја остават настрана нивната лоша историја, политика која не доведе во тешка и понижувачка позиција – рече Тачи.

Според него, состојбата на Албанците во албанските општини е видливо влошена како резултат на лошото владеење на ДУИ.

Поврзани новости