Заев најави дека општините ќе ги преземат ингеренциите за социјалната и здравствената заштита

by fokus

Лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, вечерва на митингот во Берово најави дека во иднина општините ќе имаат и нови надлежности како што се социјалната и здравствена заштита.

-Затоа е важно на локалните избори да се дозаврши започнатиот процес, бидејќи без општините, перспективите за подобар живот во Македонија нема да бидат целосни. Општините ќе стануваат се позначајни, бидејќи власта треба што повеќе да се доближи до граѓаните, а месните и урбаните заедници повторно ќе станат правни субјекти кои ќе одлучуваат на микро ниво, рече Заев.

Тој додаде дека централната власт во изминативе месеци докажала дека работи посветено и одговорно и дека во соработка со новата локална власт преку сериозни проекти ќе се обезбедат услови за развој на Пехчево и Малешевскиот регион.

Поврзани новости