ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за 4 месеци ја доведе Македонија пред банкрот

by Фокус

Катастрофалните економски политики на владата на СДСМ и Зоран Заев во овие 4 месеци ја доведоа Македонија да оди кон банкрот,реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

„Лошите макроекономски показатели станаа општ тренд. Имаме во континуитет пад на индустриското производство за 5.3 проценти, пад на странските директни инвестиции, пад на прометот во индустријата и градежништвото. Во Македонија веќе не се слушаат добри вести за економски напредок, туку исклучиво негативни вести за тоа колку назадувала државата. Македонија оди кон банкрот. Констатирање за тоа имаше и Народната Банка на Република Македонија. Пад за 1.6 отсто се забележа во активноста на банките, надополнето со пад на БДП“, велат од ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека поради лошата економска ситуација фирмите и компаниите се потешко се одлучуваат да инвестираат и земат кредит, што ќе значи помалку пари за компаниите, а со самото тоа и за вработените.

Поврзани новости