СЗО истражува зошто толку многу лекари се заразуваат со корона вирусот

by fokus

Светската здравствена организација (СЗО) ги истражува причините за масовното заразување на медицински персонал со корона вирус во повеќе држави од светот.

-Од многу земји пристигнуваат информации дека бројот на заразени лекари, сестри и други медицински лица достигнал и до 10 отсто од вкупниот медицински персонал,  а тоа е алармантна тенденција, изјави генералниот директор на СЗО Тедрос Адханом Гебрејесус.

СЗО ги истражува причините за оваа појава врз основа на информациите од Италија, САД, Шпанија, Кина и Сингапур. Во повеќето случаи, смета тој, станува збор за недостиг од искуство при работа со патогени на дишните патишта, долготрајните смени на лекарите и работата со голем број пациенти без доволно одмор.

-Податоците покажуваат дека заразата може да се спречи доколку медицинските работници правилно ги ставаат и носат личните заштитни маски и облека. Пристапот на таквите луѓе до маски, ракавици и други средства за индивидуална заштита е многу важна за тие да можат сами да ја вршат безбедно својата работа, подвлече д-р Гебрејесус.

Поврзани новости