Данаиловски: Без разлика колку се вкупно позитивни, битно е колкав е бројот на хоспитализирани 

by fokus

Докторот Драган Данаиловски во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 рече дека најрелевантен е бројот на хоспитализирани од корона вирусот, а не вкупниот број на позитивни.

-Досега добро се носиме. Со надеж дека ова мерки што сега ги носиме ќе вродат со плод, за да не се соочиме со поголем број. Но, мислам дека засега е добро. Овие рестриктивни мерки, ги викам средновековни мерки зашто се користиле со чумата во Европа, се нужно зло. Со тоа неизбежно мора да дојде до намалување на ширењето.
Најрелевантен податок е борјот на хоспитализирани. Оние кои се бориме за да бидат помалку за да не дојде до оптоварување на здравствениот систем. Без разлика колку се вкупно позитивни, битно е колку ќе биде бројот на хоспитализирани, смета доктор Данаиловски.

 

Поврзани новости