Сведочеше архитектот кој му нацртал викендица со видиковец на Груевски во Крушево

Миле ми рече: "Шефот (мислеше на Груевски) ми спомна дека Алек бил кај тебе и си организирал за промена на ГУП-от“, изјави сведокот.

by fokus

Архитектот Александар Јанакиески денеска сведочеше на рочиштето за “Плацевите на Водно”. Тој објасни како била направена промената на Генералниот урбанистички план (ГУП) на Град Скопје, за да во него влезат и парцелите на Водно, кои, според обвинението, ги “маркирал” Никола Груевски.

Александар Ивановски -Алек дојде во општина Центар и ми посочи: „Александар, дај ако може да видиме што е предвидено на овие катастарски парцели“. Всушност Алек зборуваше за парцели во месноста Шербетбица, во големина од хектар, хектар и пол. Јас му реков дека земјиштето во најголем дел е вон ГУП и дека не може да се планира ништо. Му укажав и дека треба промена на генералниот урбанистички план, рече архитектот.

Тој на прашање на обвинителката Лиле Стефанова одговори дека за ова земјиште зборувал и со тогашниот министер Миле Јанакиески на еден од состаноците на Комитетот за градежна експанзија.

-Миле ми рече: “Шефот (мислеше на премиерот Никола Груевски) ми спомна дека Алек бил кај тебе и си организирал за промена на ГУП-от“, изјави сведокот.

Тој истакна дека подоцна ова земјиште влегло во новиот Генерален урбанистички план и почнала изработка на ДУП за тој простор. Набрзо добил уште една најава од Јанакиески, поврзан со парцелите на кои око им фрлил Груевски.

-Повторно на состанок на Јанакиески му го посочив планот кој се изработуваше. Јанакиески пак ми рече:” Шефот ми рече да се направат две-три варијанти за тој потег”. Подоцна беа изработени неколку варијантни решенија согласно законските прописи, рече архитектот, кој додаде дека едно од варијантните решенија било прифатено од Јанакиески, по што тој дури тогаш го предавал на планерот.

Подоцна овој план бил разгледан во Општина Центар и веднаш не бил донесен, но подоцна сепак бил изгласан.

На прашање на обвинителката дали архитектот сулшнал за фирмата “Сирах Инженеринх”, која прва ги купува парцелите, кажа дека името на компанијата го чул во 2015 година од “бомбите” кои се пуштаа во јавноста и одговори и дека во тој разговор се зборувало за истите парцели.

– Да, се зборуваше во тие бомби за овие парцели, рече архитектот.

Тој сведочеше и дека на барање на тогашниот министер Јанакиески изработил проект за куќа и видиковец во Крушево, која, според обвинителството, исто така требало да биде на Груевски.

-На еден состанок Јанакиески ме замоли и ми укажа: “Шефот ме замоли ако можеш ти и твојата сопруга, која е архитект, да направиме идејно решение. Ми се даде извод од план. Го прашав кои се насоките за проектирање, за да мојата сопруга да изгради скици за идејните решенија, рече архитектот, кој додаде дека носител на имотниот лист бил Ристо Новачевски, кумот на Груевски.

На прашањето пак на кого го предал завршениот проект, тој истакна дека не може точно да се сети, но најверојатно рече дека го предал на Јанакиески. Појасни и дека истиот го изработил без надомест, односно не му било платено.

На прашањето на обвинителката, дали за овој проект воопшто разговарал со Новачевски, рече дека во тој период не го ни познавал. Тој дополни дека не контактирал ниту со Груевски.

Според обвинението, Груевски, од 2006 до 2012 година, како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, дел од партиските донации што ги добивал, лично или преку општинските комитети, ги задржувал за себе, па така прибрал најмалку 1,3 милиони евра.

Од октомври 2012 до септември 2013 година, парите ги потрошил со купување градежно земјиште на Водно, поточно на зафатот веднаш над Панорама, односно во местото викано Шербетница. Исто така според обвинителството купил и земјиште во Крушево на кое планирал да гради викендица.

Валентина Вурмо

Поврзани новости