Сугарески: Груевски стои зад аболицијата на Иванов!

by Фокус 16:00
16:00

Зад срамната, незаконска и неуставна одлука за аболиција на Ѓорге Иванов стои Никола Груевски, обвини координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугарески.

-ВМРО-ДПМНЕ лажно изјавуваше дека не се согласува со одлуката на Иванов. Денеска уште еднаш го потврдија спротивното, се е договорено и спроведено по нарачка на Груевски, кој преку нарачаната аболиција го држи појасот за спасување од кривично гонење за него и неговите соработници – рече Сугарески.

- Advertising -

Поврзани новости