Судскиот совет нема да отвори постапка за бунтот против Панчевски

by fokus

Судскиот совет на денешната седница, која се одржуваше зад затворени врати, донесе одлука да се изврши вонредно оценување на кандидатите за претседател на Кривичниот суд и на Врховниот суд.

Советот ќе добие нова ранг листа на кандидати, но откако ќе го заврши оценувањето на Владимир Панчевски, Иван Џолев и Владимир Туфегџиќ и кандидатите за Врховен суд Лидија Неделкова, Јово Вангеловски, Снежана Бајлозова и Беса Адеми.

Ваква одлука била донесена со образложение дека  во последните две години не била евалуирана работата и квалитетот на судиите кои сега се во трка за претседателското место.

Освен тоа, Судскиот совет денеска одлучи да не постапова по пријавата од тринаесетина судии, кои ја поднесоа против претседателот Панчевски, обвинувајќи го за злоупотреби на судот.

Членовите на советот рекоа дека потписите на судиите биле нечитки и неразбирливи, па одлучиле да не постапуваат по пријавата додека потпишаните не се појават лично да дадат искази.

Зад затворени врати денеска Советот расправал и за состојбите во судот и за кривичните пријави против претседателот Панчевски, но и неговата контракривична пријава за судијата Иван Џолев, кој му е против кандидат за претседателското место.

Поврзани новости