Караџовски: Судиите да не даваат изјави, проблемите да се решаваат во судот

by fokus

Случувањата во Кривичниот суд го нарушија угледот на целото судство, смета претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски.

Затоа, Караџовски ги повика судиите сите проблеми да се решаваат внатре во судот, бидејќи преголемата транспарентност го нарушувала имиџот на судот.

– Повикуваме на разумно решавање на состојбите внатре во судот и секој што има проблеми, да се обрати до Судскиот совет и сите проблеми да се решаваат институционално. Оној кој што смета дека некому му следува кривична одговорност, без многу давање во јавноста, треба да се обрати до Судскиот совет- изјави Караџоски.

Инаку, основниот суд стана поактуелен во јавноста пред неколку недели, откако претседателот Панчевски доби кривична пријава од судијата Иван Џолев, кој му е против кандидат за претседателското место. После тоа, против него се огласија и 13 судии кои со писмо до Советот се жалеја од Панчевски за злоупотреби на судот. Судскиот совет денеска одлучи да не постапува по оваа пријава, бидејќи потписите на судиите биле нечитки и нецелосни.

Поврзани новости