Судската фела фрапирана, бунтот на судиите е само почеток!

by fokus

Вакво судство немаше ни во времето на Тито! Никогаш никој не се мешал во работата на судиите, ниту пак тие имаа страв како што е сега, кога не се почитува ниту законот ниту Уставот , ги коментира Владимир Бабунски, судија во пензија последните настани во Основниот суд Скопје 1 каде се случи првиот изблик на бунтовност. Петнаесетмина судии, решија да му се спротивстават на Владимир Панчевски, претседателот на Кривичниот суд кого го обвинуваат дека ја злоупотребува положбата за лични пресметки со колеги.

Бабунски за „Фокус“,состојбата во македонското судство, вклучуваќи ја и последната епизода во Основниот суд, ја оцени со еден збор – „катастрофа“.

„Ова е страшна работа. Ниту било, ниту ќе биде. Катастрофа! Нам никогаш не ни се мешале во работата. Тоа е незамисливо и недозволиво. Во времето се знаеше како се гради кариера и како еден судија може да помине во погорните судови. Имаше ред, како во војската што се почитуваат чиновите, така беше во судството. Не може капетан да му суди на мајор, ниту пак архимандрит на владика“, метафорички ги анализира судијата Бабунски состојбите во македонското судство каде неделава со последната капка во Основниот суд , се прелеа чашата на незадоволството кај повеќето судии.

Можно ли е Судскиот совет, органот од кого судиите бараат заштита и казнени мерки против Панчевски, кој сега тактизира со барањето на судиите прогласуваќи го за анонимно да го запрпелка проблемот и да го изигнорира нивното барање ?, вакви сомнежи се појавија во јавноста, наспроти очекувањата на судската фела да се отворат сите карти.

„И во Судскиот совет се преплашени. Грешката е направена во 2006 година. Тогаш ги преплашија судиите. Михајло Маневски им се закануваше, претрпеа многу притисоци, и токму од тие причини очекувам и Судскиот Совет да постапи така како што ќе му наложат, вели судијата Бабунски.

d24d02f6-384d-47a6-9de5-8b20615130f2-_trpenoski-2

Во однос на оваа дилема Јован Трпеновски, поранешен јавен обвинител, вели дека Судскиот совет долго ќе размислува и ќе помине време додека да стаса одговорот, но дека сепак очекува на крајот советот да постапи исправно и да се произнесе по барањето на судиите.

Првата реакција на судиите, вели Трпеновски кој очекувал реакција и од ОЈО, ќе ги натера и во Судскиот совет да размислуваат во правец на заштита на достоинството на професијата, на угледот и честа на судиите.
Според Трпеновски бунтот на судиите е само почеток. Вели дека слични реакции очекува и во другите средини на општественото живеење.

С.М. 

Поврзани новости