МАНУ изрази загриженост за состојбата во судството

by fokus

Академиците на МАНУ се загрижени за состојбата во македонското судство. Според нивните оценки состојбата во судскиот систем е резултат на поткопаниот правен систем, во кој политичките и личните интереси имаат поголема важност од човековите слободи.

Од МАНУ велат дека овој проблем е нотиран и во меѓународните извештаи во кои Македонија е често критикувана. Сепак, академиците очекуваат подобрување по изборите.

Од таму најавуваат дека на седница со македонските власти ќе го разгледаат целосниот извештај на Европската Комисија, во кој најголем број од забелешки се однесуваат на независноста во судството. Од МАНУ најавија дека сите точки од извештајот дополнително ќе бидат ставени на маса за да се оцени каде треба и може да се подобрат нештата.

Поврзани новости