Судиите од Кривичните совети на Одделението за организиран криминал и корупција при Основен суд Скопје 1 денеска донесоа одлука да не го прифатат барањето на СЈО за замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ.
-Постапувајќи по несогласноста на судиите на претходна постапка, во врска со барањата за привремено одземање на имот поднесени од страна на СЈО, на нејавна седница одржана на 23.05.2017 година согласно чл.202 ст.3 од ЗКП донесоа решенија со кои се уважува несогласноста на судијата на претходна постапка при што од страна на судот не е определена предложената привремена мерка Забрана на оттуѓување на недвижен имот со ставање на хипотека, се вели во соопштението на Судот.
Од СЈО нема да поднесат жалба на оваа одлука, бидејќи немаат таква законска можност.