Ахмети ја покани опозицијата да се вклучи во решавањето на името и да биде дел од успехот

by fokus

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети попладнево се сретна со амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние со кого разговарале за спорот за името, Законот за употреба на јазиците, како и евро-атланската интеграција и системските реформи.

Од ДУИ информираат дека Ахмети  зборувал со Тимоние за процесот посредуван од медијаторот Метју Нимиц за спорот со Грција и изразил целосна поддршка за интензивни преговори за конечно решавање на спорот.

Ахмети истакнал дека владината коалиција и парламентарното мнозинство се подготвени да им пристапат на последните пречки на нашиот пат кон ЕУ и НАТО и ја поканил и опозицијата да го поддржи овој процес и со тоа да стане активен дел на успехот на граѓаните и нашата земја.

Поврзани новости