Судир на автобус и неколку возила во Илиноис, има загинати

by Fokus

Три лица загинаа, а 14 се повредени денеска во судир во јужниот дел на Илиноис во кој учествувале автобус и неколку автомобили, соопшти полицијата на таа американска сојузна држава.

Државната полиција соопшти дека првичната истрага покажува дека патнички автобус Greyhound и три комерцијални возила биле вклучени во сообраќајна несреќа долж Interstate 70 во округот Медисон, објави АП.

„Потврдени се три смртни случаи, а повеќе од нив со тешки повреди се пренесени во болница, од кои четворица со хеликоптер, а најмалку 10 со брза помош“, се вели во полициското соопштение.

Се додава дека во комерцијалните возила нема повредени.

Поврзани новости