Првото рочиште за судењето за кочанската трагедија судијката Дијана Груевска Илиевска го започна со препорака да се одржува ред и дисциплина во судницата. Таа истакна дека нема да толерира непрофесионално однесување, поради што првично ќе опоменува, а при повторување на грешката, ќе казнува. Судијката истакна дека и секое барање за одложување на рочиштето ќе се проверува. Во случај да се бара одложување поради здравствени причини, ќе се проверува медицинската документација.
-Не можеме да ви гарантираме брзина, зошто со брзање може да се направи грешка. Но се ќе направиме да тече непречено. Не можам да преудицирам колку ќе трае, тоа никој не го знае, дали пет месеци или пет години. Важно е да дојдеме до вистината и до правдата, истакна судијката Дијана Груевска.
Во судница во моментот се присутни се десет обвинители, Борче Јаневски, Владимир Милошевски, Даниел Коцев, Дарко Јакимовски, Јасмина Костовска, Маја Коневска, Анстасија Миланова, Гордана Тодорова, Славица Темелковска и Снежана Бундалевска Ѓорѓиевска.
Судот и формално одлучи на првото рочиште да го спои обвинението против сопствениот на агенцијата за обезбедување „Рубикон”, Александар Нацев, со обвинението за главниот предмет за „Пулс“. Инаку, обвинението против Нацев беше поднесено подоцна и се оценуваше посебно.
Пожарот во кочанската дискотека ,,Пулс”, изби на 16 март годинава и во него загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.
Судењето се оддржува во дигиталната судница во рамки на Казнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје.
На обвинителната клупа седнати се 35 обвинети физички лица, а кривично се гонат и три фирми.
Валентина Вурмо