Судијата Џолев е избран за претседател на Судско-медиумскиот совет

by Фокус

Претседателот на скопскиот кривичен суд Иван Џолев избран е избран за претседател на Судско-медиумскиот совет за период две години, додека за потпретседател на ова тело е избрана новинарката на ТВ 24 Христина Беловска.

-Под влијание на СМС, судиите и новинарите почнаа повеќе да комуницираат, почна да се развива меѓусебна доверба, размена на информации, се надополнувавме , но и се критикувавме едни со други, а бенефитот од сето ова го имаа граѓаните  кои добиваа навремени, точни информации. На овој начин директно, но и индиректно влијаевме и во зајакнувањето на демократските капацитети, а на некој начин воспоставивме и нов систем на граѓанска контрола на судското постапување , но и на владење на правото – рече Џолев.

На првата конститутивна седница беше изгласан дневниот ред за работа, а се дискутираше за следните чекори на СМС, со кои се предвидува ова советодавно тело да продолжи со активности насочени кон измени на ЗКП и Деловник за работа со да се олесни следењето на судските процеси за јавноста од технички аспект. Инаку, новиот состав  на Судско-медиумскиот совет брои 15 члена, од кои 8 се новинари од различни медиуми, а 7 се од редот на судиите од различни апелациони подрачја во РСМ.

Членови на Судско-медиумскиот совет се:

1. Гордана Дувњак-  Фокус

2. Елена Ивановска Мукоска- ТВ Телма

3. Флора Белули Камбери- МТВ 2

4. Михаела Димовска – Канал 5

5. Христина Беловска – Телевизија 24

6. Бојан Стојановски- Алсат

7. Васко Маглешов- Призма

8. Соња Делевска- СДК.мк

9. Шпенд Деваја-  судија во Врховен суд

10. Шефајет Хајдари- претседател на Апелационен суд Гостивар

11. Иван Џолев – претседател на Основен Кривичен суд Скопје

12. Тодор Поп Панев- претседател на Основен суд Свети Николе

13. Илир Сулејмани- претседател на Основен граѓански суд Скопје

14. Миле Димовски- претседател на Основен суд Битола

15. Едита Насковска- судија во Управен суд

Поврзани новости