Гаши: Опозицијата има 58 пратеници, не може да биде надвор од процесот

by Фокус

Претседателот на опозициската Алтернатива Африм Гаши на ТВ21 посочи дека Албанците сакаат да им помогнат на нивните сограѓани Македонци во делот на заштита на идентитетот, јазикот и културата.

-Затоа се спремни да помогнат. Но, кога веќе власта не побарала никаква помош од нас, тоа го сметаме дека не сакаат да не вклучат во овој процес – истакнува Гаши.

Тој посочи дека власта воопшто не ги консултирала околу спорот со Бугарија и воедно побара да се организира лидерска средба.

-Треба да се собереме заедно, да создадеме консензус, да ги разгледаме сите опции заедно и да донесеме заеднички одлуки. Власта има 62 пратеници, опозицијата има 58 пратеници и не може опозицијата да биде настрана од ваков голем процес – порача Гаши.

Поврзани новости